Дома Трансфер зона Агентот потврди: Интер испрати богата понуда за ѕвездата на Рома!

Агентот потврди: Интер испрати богата понуда за ѕвездата на Рома!

Екипата на Интер одигра уште една очајна сезона, но новите сопственици спремаат големи засилување и градење на моќен тим за следната сезона.

Приоритет за „нероаѕурите“ ќе биде засилување на одбраната, а главна мета е дефанзивецот на Рома, Антонио Рудигер.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


До сега само се шпекулираше, но овој пат стигна и потврда од менаџерот на 24 годишниот фудбалер.

„Потврдуваме дека постои важна понуда од екипата на Интер, сепак се ќе биде одлучено во текот на летото, заедно со челниците на Рома”, изјави Бергваљер.

Се споменува и дека Лучијано Спалети ќе го замени Пиоли на клупата на „нероаѕурите”, но на ова менаџерот на Рудигер одговори само со насмевка. Останува да го чекаме летото и да видиме дали Рудигер ќе биде едно од засилувањата кои ги очекуваат фановите на Интер.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…