Дома Трансфер зона Агентот на Роналдо на состанок со управата на Јувентус!

Агентот на Роналдо на состанок со управата на Јувентус!

Се погласни се најавите дека Кристиано Роналдо ќе го напушти Јувентус до крајот на преодниот рок, повеќе нема дилеми дека не се шпекулации и дека нешто навистина се случува.

Не е познато каде Роналдо би можел да продолжи во игра беа ПСЖ, Тотенхем и Манчестер Сити. Тотенхем веројатно отпадна затоа што Хари Кејн потврди дека останува.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Можеби и најдоверливот италијански новинар кога станува збор за Јувентус, Ромео Агрести објави дека агентот на Роналдо, Жорге Мендеш ќе се сретне со управата на Јувентус. Мендеш во Торино допатува вчера вечерта.

Според најавите во медиумите Роналдо на маса има понуда од Манчестер Сити за договор на две години и плата од 15 милиони евра по сезона. Останува во наредните денови да видиме како ќе се одвива ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…