Дома Трансфер зона Агентот на Кутињо ја прокоментира можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед

Агентот на Кутињо ја прокоментира можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед

Oткако пропадна можноста Манчестер Јунајтед да го доведе Паоло Дибала во финишот од предниот рок кој во Англија завршува за неколку дена ќе се насочи кон други мети.

Кутињо е една од опциите кои се споменуваа и претходно. Бразилецот е во втор план во Барселона каде што Меси, Суарез, Гризман и Дембеле се пред него.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Значи поранешниот играч на Ливерпул и 120 милиони евра платениот Кутињо е на излезни врати од „Камп Ноу“. Можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед кратко ја прокоментира неговиот агент.

„Манчестер Јунајтед е голем клуб. Таму играат одлични играчи и навистина имам почит кон тој клуб. Меѓутоа тешко дека Јунајтед ќе го доведе Кутињо. Би кажал и невозможно“, изјави Јорбачијан и така веројатно ја затвори можноста Кутињо да се пресели во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На „Енфилд“ загрижени поради договорот на Арнолд, Реал веќе ги направил првите контакти

На крајот на актуелната сезона истекува договорот на Трент Александер Арнолд, а навивачите…