Дома Топ вести Агентот на еден од најбараните напаѓачи пристигна на „Олд Трафорд“

Агентот на еден од најбараните напаѓачи пристигна на „Олд Трафорд“

На дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ вчера се појави агентот на Бенџамин Шешко од Лајпциг.

Елвис Басановиќ го гледаше дербито меѓу премиерлигашите, а со тоа ги „подгреа“ шпекулациите дека би можел неговиот фудбалер да се пресели во Англија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Овој 20-годишен напаѓач привлече големо внимание на неколку гиганти, а на Островот го нарекуваат „новиот Халанд“.

Манчестер Јунајтед и Арсенал од поодамна го следат напаѓачот и покажуваат интерес за него,а очигледно  ќе има голема битка за неговиот  потпис.

Лајпциг за неговите услуги бара 50 милиони евра, сума која нема да биде проблем за  споменатите клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…