Дома Топ вести Агентот: Верати треба да го напушти ПСЖ!

Агентот: Верати треба да го напушти ПСЖ!

Агентот на Марко Верати верува дека италијанскиот плејмејкер би требало да почне да размислува за трансфер во некој од најголемите европски клубови, бидејќи смета дека не може да освои голем трофеј со ПСЖ.

24-годишниот Верати ја освојува титулата во Франција со ПСЖ од како пристигна од Пескара, но надежта дека „светците“ можат далеку во Лигата на шампиони паднаа во вода на „Камп Ноу“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец има договор со ПСЖ до 2021 година, но неговиот менаџер Донати ди Кампли го советува дека треба да замине од Париз доколку сака да освојува големи трофеи.

„Ситуацијата е комплицирана бидејќи има силен договор. Но, Марко сака да освојува трофеи, а ПСЖ во сегашната состојба тоа не го можи. Во Париз е веќе пет години и сега самиот себе си поставува некои важни прашања – дали треба да продолжи да заработува многу, а да не победува, или да оди на друго место и да биде шампион“.

„Не се во прашање парите, секој кој што сака да го ангажира Верати би платил многу. Едно е сигурно, ако го напушти Париз, ќе замине во некој од врвните европски клубови“, истакна Ди Кампли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тео Хернандес го стигна Малдини, овој му порача: Ти си специјален!

Милан синоќа запиша рутинска победа против Лече со 3:0, а еден од головите беше дело на Те…