Веќе подолго време медиумите шпекулираат дека Герет Бејл ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, но неговиот агент е убеден дека Велашенецот ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Медиумите тврдат дека Зинедин Зидан загубил доверба во Бејл, кој пак веќе дал позитивен одговор на Жозе Мурињо за трансфер во Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според Џонатан Барнет, агентот на Бејл, сето тоа се новинарски измислици.
„Герет е играч на Реал Мадрид. Тој го сака Реал и Реал го сака Герет. Сите приказни за напуштање се напишани од новинари кои немаат идеја што се случува и едноставно имаат потреба да напишат нешто, притоа не им е важно дали тоа е вистина, или не“, изјави Барнет.