Дома Останати Тенис Агаси и Новак во второто коло

Агаси и Новак во второто коло

Под водство на новиот тренер, Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос.

Српскиот тенисер во првото коло за противник го имаше 77 тенисер во светот, Марсел Гранољерс, а иако не беше брилијантен сепак славеше во три сета, после двочасовна борба, 6:3, 6:4 и 6:2.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најмногу осцилации беа видени во третиот сет, тука имавме вистинска ревија на брејкови. Новак четири пати освојуваше гејм на на сервис на ривалот, но и два пати губеше на свој сервис, правејќи грешки во одредени моменти.

Гранољерс денес тоа денес не успеа да го искористи, но сигурно дека Новак мора да ја подобри играта доколку сака поголем успех на овој турнир.

Противник на Србинот во наредното коло ќе му биде 59 тенисер во светот, Бразилецот, Жоао Соуза

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…