Aрсенал во 12. коло од Премиер лигата запиша пораз на „Емирати“ од Барнли со резултат 0:1.
„Топџиите“ повторно на противникот му ја поклонија победата. Автогол си постигна Пјер Емерик Обамејанг, а навивачите на лондонскиот клуб се бесни поради непромислениот потег на Гранит Џака.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Изгледаше добро тимот на Артета во првото полувреме. Напаѓааа, имаа неколку одлични обиди, но Барнли се одбрани и на полувреме замина со 0:0.
Тргнаа домаќините офанзивно во продолжение од натпреварот и доминираа се до глупоста на Џака. Швајцарецот почна да го дави играчот на Барнли, Ешли Вествуд на само еден метар од главниот судија. После гледањето на ВАР Џака заслужено беше испратен во соблекувалната.
Granit xhaka gets a red card #ARSBUR #ARS #arsenal #PremierLeague #Var #BurnleyFC #nbc pic.twitter.com/0kwbjSF8zG
— jujubay (@jujubay1) December 13, 2020
Барнли потоа успеа да се ослободи од притисокот и успеа во 73. минута да дојде до гол. После еден корнер сопствената мрежа ја погоди Обамејанг. До крајот на мечот Арсенал не успеа да дојде ниту до бод.
Со овој пораз Арсенал после ова коло се наоѓа на катастрофалното 15. место на табелата.