Дома Фудбал Италија Автобусот на Наполи го заборави тренерот, Мацари од Рим се вратил со такси

Автобусот на Наполи го заборави тренерот, Мацари од Рим се вратил со такси

Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, го испуштил клупскиот автобус и бил принуден да се врати во Неапол со такси по поразот на „Олимпико“ од Рома синоќа со 2-0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Разочарани од играта и резултатот, никој во експедицијата на Наполи не забележал дека во клупскиот автобус го нема тренерот Валтер Мацари.

Тренерот немал друг избор освен да се врати дома – со такси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека искусниот стручњак останал уште малку на стадионот во разговор со новинарите, на кои им ги објаснил причините за поразот од „волчицата“.

 За тоа време клупскиот автобус заминал без него, па Мацари бил принуден да нарача такси и од Рим да замине за Неапол кој е оддалечен 230 километри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан И…