Јувентус вчера од сите играчи кои отпатуваа во странство побара да се вратат во Торино.
Кристијано Роналдо е играчот кој најмногу се исчекува, но се чини дека Португалецот го одложил своето враќање на Апенините за неколку дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, доцна синоќа приватниот авион на Роналдо слета во Торино, меѓутоа без својот газда. Првата ѕвезда на Старата дама остана во родната Мадеира.
Авионот преку Мадеира слета во Фуншал каде се задржа еден час, ги земал личните работи на Роналдо и тројца приватни тренери и се вратил назад во Италија.
Роналдо заедно со семејството остана во своето луксузно одмаралиште. Кога ќе се врати во Торино се уште не е познато. По враќањето го чека 14-дневен карантин.