Дома Фудбал Џорџ Клуни ќе ја спасува Малага од банкрот?

Џорџ Клуни ќе ја спасува Малага од банкрот?

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни може наскоро да влезе во фудбалскиот бизнис.

Според „АС“ актерот е дел од консирциум кој наскоро би можел да стане сопственик на фудбалскиот клуб Малага, купувајќи ги акциите од сегашниот сопственик шеикот Ал Тани.

Малага во сезоната 2013/14 стигна до четвртфинале во Лигата на шампиони, а оваа сезона игра во Сегунда и моментно е на 14-то место, а на клубот му се заканува банкрот.

Конзорциумот, чиј член е Клуни, важи како потенцијален спасител, но потенцијален проблем за зделката би можел да биде актуелниот сопственик на Малага, катарскиот бизнисмен Абдула ал-Тани. Неговите проценки за вредноста на клубот изнесуваат 86 милиони фунти што е за 30 милиони повеќе од сумата што се подготвени да ја платат Американците.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Албанец од Струга го поминал детството со Ибрахимовиќ: Беше лошо дете, јадеше кај нас (ВИДЕО)

Албанецот, Ади Хоџа од Струга откри дека во своето детство растел заедно со една од најгол…