Дома Фудбал Англија Џои Бартон суспендиран на 18 месеци, се обложил 1260 пати

Џои Бартон суспендиран на 18 месеци, се обложил 1260 пати

Фудбалерот на Барнли, Џои Бартон, доби 18 месечна суспензија поради обвинувањата поврзани со обложувањето, пренесува „Би Би Си“.

Џои Бартон 1260 пати го прекршил правилото на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поврзано со обложувањето. Толку пати тој се обложил во периодот март 2006-март 2016 година.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поради тоа ФА му изрече 18-месечна суспензија и парично го казни со 30.000 фунти.

Веројантно најкотроверзниот англиски фудбалер во поновата историја, 34-годишниот Бартон, најави дека ќе ја обжали одлуката, бидејќи казната ќе му донесе предвремено пензионирање.

Тој на својата интернет страница истакна проблемот е многу подлабок и дека не може да се реши само со казнување на одредени играчи.

Бартон дополнува дека во неговиот случај „не станува збор за местење на натпревари“ и дека „во ниту еден момент неговиот интегритет не е доведен во прашање“.

„Точно е дека ги прекршив правилата, но верувам дека доколку во прашање беше некој друг, помалку контроверзен фудбалер, дека казната ќе беше помала“.

Поранешниот играч на Манчестер Сити, Њукасл, КПР, Глазгов Ренџерс во зимскиот преоден рок пристигна во Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ одиграл повеќе од 50% од натпреварите во историјата на Хрватска

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ вчера го одигра својот 182 натпревар за Х…