Дома Трансфер зона Џерард знае зашто Гризман не се пресели на „Олд Трафорд“

Џерард знае зашто Гризман не се пресели на „Олд Трафорд“

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард даде свое размислување зошто Антоан Гризман не сака да се пресели во Манчестер Јунајтед оваа зима.

Манчестер јунајтед подолго време се поврзува со Антоан Гризман, а Џерард смета дека Лигата на шампиони е главната причина поради која Французинот не преминал на „Олд Трафорд“ оваа зима.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Тој игра во Лигата на шампионите за Атлетико Мадрид. Има шанса да се натпреварува до крајот во ова натпреварување, нешто што го правеа во изминатите години. Затоа не сака да ризикува и уште сега да се договори со Јунајтед. Веројатно си мисли дека тие ќе бидат отворени за трансфер и во лето кога ќе се знае дали ќе играат во ЛШ”, истакна Џерард.

Главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед следното лето сигурно ќе биде Гризман, а трансферот би можел да зависи од настапот во Лигата на шампиони, бидејќи „црвените ѓаволи“ грчевито се борат да обезбедат ЛШ следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан и Сити го сакаат „новиот Пирло“

Манчестер Сити и Милан се силно заинтересирани за ѕвездата на Торино и италијански репрезе…