Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард истакна дека се радува на фактот што ќе се врати на „Енфилд“.
Утре Ливерпул ја пречекува Астон Вила, а Стивен Џерард е жива легенда на „црвените“ и се очекува топло да биде пречекан од страна на фановите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се враќам во клуб каде поминав многу години и тоа ме тера да се смеам поради две причини. Од една страна имам добри односи со многу луѓе во клубот. Поминав фантастични години тука, јас сум дете од овој клуб и секогаш ќе го поддржувам“.
„Во исто време се насмевнувам бидејќи имам можност да се натпреварувам со еден добар тим и добар менаџер и ќе се обидам да победам. Тоа е мојата единствена цел. Ако треба после мечот да не бидам популарен на Енфилд, нека биде така, јас сум професионалец“, изјави Џерард.
🗣 "Take your own team, do it your way, go and rehearse how you want your team to play, what identity you want to use."
— Football Daily (@footballdaily) December 10, 2021
Steven Gerrard reveals Jurgen Klopp advised him not to shadow him at Liverpool pic.twitter.com/ldmZTxSTe6