Дома Трансфер зона Џерард го носи Мората во Саудиска Арабија

Џерард го носи Мората во Саудиска Арабија

Стивен Џерард кариерата ќе ја продолжи на клупата на Ал Етифак од Саудиска Арабија.

Џерард најпрво ги одбиваше понудите од Саудиска Арабија, но потоа реши да ја прифати богатата поуда од Ал-Етифак.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Легендарниот Англичанец сега сака да донесе неколку ѕвезди во тимот,  прв на листата желби е Алваро Мората.

Шпанецот е на излезна врата од Атлетико Мадрид и има неколку понуди од Европа, но саудискиот клуб му нуди неколку пати повеќе.

Ал Етифак веќе испратил богата понуда до неговиот агент, па сега се чека одговор од Мората, а Џерард ќе се обиде да го убеди да му се придружи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…