Дома Фудбал Италија Џемаили: Тој „Скајп“ разговор на 13. јуни никогаш нема да го заборавам, плачев како мало дете

Џемаили: Тој „Скајп“ разговор на 13. јуни никогаш нема да го заборавам, плачев како мало дете

Блерим Џемаили во големо интервју за „Газета ело Спорт“ се потсети на денот кога Михајловиќ и призна на јавноста дека боледува од леукемија.

Капитенот на Болоња е убеден дека Болоња ќе испаднела во Серија Б ако српскиот тренер дошол еден месец подоцна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Имам леукемија, но ќе ја добијам оваа битка“, порача Михајловиќ накратко на 13. јуни. Џемаили се потсети на тој ден.

„Бевме во карантин. Првиот ден ни кажаа дека има грозница, вториот ден истиот. Третиот ден ПР директорот ни кажа дека шефот сака да зборува со нас. Не знаевме за што се работи. Тој разговор преку „Скајп“ ќе го пометам целиот живот. Беше 13. јуни, плачев како мало дете. Знаете за што зборувавме пред тоа? Дека ќе го освоиме целиот свет, но ќе биде и тоа“, се потсети швајцарскиот репрезентативец.

„Ако Михајловиќ дојдеше еден месец подоцна денес ќе игравме во Серија Б. Се сеќавам кога првиот пат дојде до мене и ми кажа: Ти мораш да правиш разлика, во спротивно нема да играш. Ме шокираше со неговата луда енергија“, раскажа играчот од средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…