Дома Фудбал Останато Џеко со емотивна порака: Голот е за градот кој 1.425 дена беше под опсада…(Фото)

Џеко со емотивна порака: Голот е за градот кој 1.425 дена беше под опсада…(Фото)

На петти април далечната 1979 година кошарките на Босна се искачија на тронот на Сатриот континент, беше тоа тогаш чудо над чудата – најголемиот успех на југословенскиот спорт во тоа време.

Брилијантна генерација составена од: Делибашиќ, Варајиќ, Беначек, Ѓогиќ, Босиоќиќ, Изиќ, Радовановиќ, Хаџиќ, Пешиќ, предводена од клупата од Богдан Бош.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По повод овој датум на друштвените мрежи се огласи најдобриот фудбалер на оваа земја Един Џеко.

„На денешен ден пред 39 години, КК Босна стана шампион на Европа во кошарка. Делибашиќ, Врајиќ, Хаџиќ, Радованиќ и останатите под обрачот го прославија нашето Сараево“.

„13 години потоа, на истиот датум започна опсадата на мојот град која траеше 1.425 дена. Повторно сите слушнаа за Сараево, но овој пат не по добро. Убиени беа преку 1.600 деца, а 50.000 мои сограѓани беа ранети“.

„Во градот во кој не можеше да знаеш дали утре ќе го видиш својот најдобар пријател, дали повторно ќе си ги прегрнеш родителите, дали ќе отвориш очите и ќе успееше да излезеш да си играш со врсниците, го поминав секој ден од тие 1.425 под опсада“.

„Јас ја имав таа среќа и преживеав, додека многу мои врсници останаа ранети или повеќе ги нема. На нив го посветувам голот против Барселона во Лигата на шампионите во спомен што сум роден и што израснав во Босна и Херцеговина“, гласеше пораката на Џеко под која стоеше и фотографија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…