Дома Фудбал Италија Џеко не сака во Јувентус, Старата дама договори друг напаѓач

Џеко не сака во Јувентус, Старата дама договори друг напаѓач

Репрезентативецот на БиХ, Един Џеко во изминатиот период се поврзуваше со Јувентус.

Тренерот на торинскиот клуб Маурисио Сари наводно бил заинтересиран за услугите на фудбалерот на Рома, но најверојатно од трансферот нема да има ништо.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Како што тврди реномираниот новинар Фабрицио Романо, Старата дама веќе го договорила трансферот на напаѓачот на Наполи, Милик.

Милик наводно пред еден месец се договорил со италијанскиот шампион. Останува да се договорат и клубовите, а од Наполи веќе најавија дека овој фудбалер ќе замине од клубот.

Милик е четири години член на Наполи и постигна 47 погодоци на 116 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Делото со Јувентус: Повеќе од една година затвор за Ањели и Павел Недвед

Четворица поранешни раководители на Јувентус, меѓу кои се Андреа Ањели (поранешен претседа…