Дома Трансфер зона Џеко даде краток, но јасен коментар за трансферот во Реал Мадрид

Џеко даде краток, но јасен коментар за трансферот во Реал Мадрид

Един Џеко во последно време се поврзува со јануарски трансфер во Реал Мадрид.

Скаутите и управата на Реал го следат „Дијамантот“, но приказните дека е „многу блиску до потпис со Реал Мадрид“ не се вистина, што Џеко го потврди во разговор за „Kicker“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Искрено, ги прочитав тие вести, но се што можам да кажам е дека не имав никаков контакт со Реал Мадрид и дека во моментов сум фокусиран само на Рома“, јасен беше капитенот и најдобриот стрелц на репрезентацијата на Босна.

Един Џеко оваа сезона игра под очекувањата во Серија А, исто како и неговата Рома која никако не може да се доближи до врвот на табелата, бидејќи се повеќе се редат киксови. Во 12 натпревари во Серија А, Џеко постигна само два гола.

Сепак, кога станува збор за Лигата на Шампионите, тука Џеко е многу поуспешен и постигна пет гола на четири натпревар, со што има и две асистенции. Џеко е првиот стрелц во најелитното клупско натпреварување во Европа заедно со Лео Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…