Иако преодниот рок во Англија заврши вчера, екипата на Челзи би можела да претрпи промени до крајот на август.
Управата на „сините“ до овој момент успеа да го задржи Еден Азар на „Стенфрод Бриџ“, но се уште би можеле да го изгубат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, преодниот рок во Шпанија е отворен до 31 август, па Реал Мадрид има уште 21 ден да го скрши отпорот на Челзи и конечно да го ангажира Азар.
Да потсетиме, овие два клуба ова лето веќе соработуваа кога во едниот правец замина Тибо Куртоа, а во другиот Матео Ковачиќ.
Сепак, со Азар ситуацијата е далеку покомплицирана со оглед дека се работи за најдобриот играч на Челзи, а на Реал не им олеснува ниту тоа што Челзи веќе не може да доведе замена.
Без оглед на се не треба да се сомнеавме дека доколку Перез навистина го сака Азар ќе направи обид, посебно доколку се реализираат најавите за трансфер на Модриќ во Интер.
Chelsea fear Eden Hazard could still join Real Madrid with the La Liga transfer window open until August 31. (Source: Daily Express) pic.twitter.com/kNZ0pVfemw
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 10, 2018