Дома Фудбал Останато „Ќе се обидеме да го доведеме Мбапе, но следното лето“

„Ќе се обидеме да го доведеме Мбапе, но следното лето“

Францускиот крилен фудбалер и член на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе биде најбараниот играч на пазарот во следниот период.

Иако има само 19 години, Мбапе веќе направи речиси се во својата кариера. Го направи вториот најголем трансфер во историјата минатото лето, освои Лига 1, Светско првенство и избран е за најдобар млад играч на истото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многу европски гиганти би сакале да го купат од ПСЖ, но изгледа дека ова лето тоа нема да може да им успее. Сепак, неговиот поранешен соиграч од Монако и сегашен член на Ливерпул, Фабињо изјави дека ќе се обиде да го убеди Мбапе да дојде на „Енфилд“, но следното лето.

„Килијан рече дека ќе остане во ПСЖ и дека следната сезона ќе игра за екипата од Париз. Ќе се обидам да го убедам да се пресели во Ливерпул. Ми честиташе на доаѓањето во овој клуб, а јас него за освојување на Мундијалот. Тој е одличен играч“, изјави Фабињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нови детали за драмата со Линдзи Вон: Ова се двeтe причини зoшто познатата спортистка е на интензивна нега (Видео)

Вестите што доаѓаат од болницата во Тревизо за здравствената состојба на легендарната скиј…