Дома Фудбал Ќе остане ли Меси во Барселона? Еве од што зависи

Ќе остане ли Меси во Барселона? Еве од што зависи

Шпанските медиуми пренесуваат дека Лионел Меси е се поблиску до останување во Барселона, но тоа не мора ништо да значи.

Лионел Меси во текот последниот преоден рок се обидуваше да ја напушти Барселона меѓутоа ситуацијата почна да се менува кога Хозе Марија Бартомеу си поднесе оставка. Бартомеу го напушти клубот и Барселона до крајот на годината ќе добие нова управа.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Најголем проблем на Аргентинецот беше Бартомеу и начинот на кој тој го водеше клубот, а „Марка“ сега објави од што зависи дали Меси ќе ја смени одлуката. Меѓутоа потенцираа дека сега е поблиску да остане.

  • Кој ќе биде нов претседател на Барселона?
  • Кој ќе биде нов спортски директор?
  • Кој ќе биде нов тренер, ако Куман не ги исполни очекувањата?
  • Каква ќе биде политиката на клубот?
  • Во каква форма ќе игра Барселона до крајот на сезоната?

Наводно, ова се прашањата од кои зависи дали Меси ќе остане или ќе замине, ако се реши да заминува Барселона повеќе нема да може да го задржи затоа што му истекува договорот.

Според бројни анкети големи шанси за победа на изборите имаат Виктор Фонт и поранешниот претседател на Барселона Хуан Лапорт. Првиот вети враќање на легендите во клубот и го гледа Чави на клупата во иднината, додека Карлес Пјуол би бил технички директор. Нема дилеми дека таква комбинација би го задржала Меси во клубот. Исто така Фонт најави и враќање на препознатливоста на „Ла Масија“.

Слични работи ветува и Лапорт кој на чело на клубот беше од 2003 до 2010 година. Сепак, тој наводно го контактирал Матеу Алемни, поранешниот директор на Валенсија кого го гледа како негова десна рака, ветува и доведување на Давид Алаба кој ќе го напушти Баерн. За него тоа е се што до сега е познато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Алегри веднаш ќе му каже ДА на Милан“

Легендарниот тренер Џовани Галеоне, кој му е ментор и многу близок пријател на Масимилиано…