Дома Фудбал Останато Ќе игра ли фудбал? Боксерски шампион потпиша договор со фудбалски клуб!

Ќе игра ли фудбал? Боксерски шампион потпиша договор со фудбалски клуб!

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Олександар Усик потпиша едногодишен договор со украинскиот фудбалски клуб, Полисја.

Усик е светски шампион во верзиите ВБО, ВБА и ИБФ. Минатата година за овој тим одигра пријателски натпревар влегувајќи од клупата, а сега потпиша договор за соработка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Претседателот на клубот и Олександар Усик постигнаа договор за фудбалска соработка во период од една година. Усик ќе го носи дресот со број 17“, стои во соопштението.

Клубот во соопштението истакна дека детали за тоа што ќе подрабзира таа „фудбалска соработка“ ќе биде објавено дополнително. Усик на 26-ти авгусат во Полска ќе ја брани титулата против предизвикувачот, Британецот Даниело Дубо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн подготвен да плати 100 милиони евра за хрватски талент?

Минхенски Баерн има сериозен интерес да го доведе извонредниот хрватски фудбалер Лука Вушк…