Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ќе добие ли најголемиот губитник медал од Мундијалот?

Ќе добие ли најголемиот губитник медал од Мундијалот?

Хрватска од 17:00 часот го игра големото финале на Мундијалот против селекцијата на Франција.

Хрватските репрезентативци под водство на селекторот Златко Далиќ остварија историски успех, најголеми во историјата на спортот на оваа земја.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Далиќ Мундијалот го започна со 23 играчи кои добија повик, но после само еден натпревар остана со 22.

Како што е веќе добро познато, Никола Калиниќ одбилда влезе во последните минути од натпреварот против Нигерија. Ваквиот негов потег Далиќ не можеше да го толерира, па го испрати „дома“.

Сега интересно е да се види дали Калиниќ ќе добие медал, кој може да биде златен (победа) или сребрен (пораз).

„Ќе видиме, играчите ќе одлучат за тоа“, изјави портпаролот ХНС, Томислав Пачак.

Според правилникот на ФИФА, трите најдобри репрезентации ќе добијат по 50 медали, но не е одредено кој треба да добие.

Без разлика дали Калиниќ е добие медал, јасно е дека тој ќе биде запаметен како најголемиот губитник на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Тухел во репрезентацијата на Англија повика фудбалер кој има десет настапи во Премиер лигата

Дваесетгодишниот фудбалер на Манчестер Сити, Нико О’Рајли, го доби својот прв повик …