Њукасл е спремен да испрати понуда од 100 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.




Парите не се проблем за Њукасл после доаѓањето на арапските сопственици и сакаат сериозно да го засилат тимот за да бидат конкурентни во Премиер лигата.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Њукасл уште во јануари се обиде да го доведе Осимен, но тогаш Наполи ја одби понудата.
„Чавките“ сега се спремни да понудат 100 милиони евра за потписот на Нигериецот, а него му нудат тројно повисока плата.




Осимен во Наполи пристигна за 70 милиони евра пред две години, па италијанските медиуми тврдат дека тешко ќе можат да ја одбијат оваа понуда.