Екипата на Њукасл не се откажува од намерата во своите редови да го доведе Марк Геи од Кристал Палас.
Њукасл би можел да го сруши сопствениот рекорд во последните денови од летниот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот од „Сент Џејмс Парк“ не се откажува од идејата да го доведе фудбалерот на Кристал Палас и во текот на вчерашиот ден се одржала нова рунда преговори.
Кристал Палас веќе одби четири понуди за својот фудбалер, а последната наводно би можела да изнесува и 70 милиони фунти. Очекувањата на јавноста на Островот е тоа да биде доволно за реализација.