Њукасл е во потрага по квалитетен играч за врска и прва цел е ѕвездата на Милан, Сандро Тонали.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Премиерлигашот испратил понуда од 65 милиони евра за потписот на Тонали, но Милан експресно ја одбил понудата.
Меѓутоа, Њукасл му нуди три пати повисока плата на Тонали и не се откажува од намерата да го донесе во своите редови.
Милан не сака да се раздели со Тонали, но доколку самиот играч побара трансфер, тогаш е спремен да го продаде за 80 милиони евра.
Наводно Њукасл е спремен да се приближи до оваа сума со нова понуда во наредните денови.