Дома Останати Кошарка Јокиќ одби да го послуша Мелоун и донесе нова победа за Денвер

Јокиќ одби да го послуша Мелоун и донесе нова победа за Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс победија на гости кај Оклахома со 140:127. Најдобриот играч на средбата беше Никола Јокиќ со 35 поени, 18 скока и осум асистенции. Така им се реваншираа на ривалите за поразот од претходниот ден.

Сепак, веројатно се ќе беше поинаку ако Никола Јокиќ го послушаше тренерот Мајк Мелоун. Според ЕСПН, тој сакал Србинот да го прескокне овој дуел.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


– Мелоун се обидел да го убеди Јокиќ да ја прескокне утакмицата во понеделник за да ги одмори својот лев зглоб и контузијата на десниот лакт која ја добил во неделата, што се одразило на послабиот шутерски настап (шут од теренот 10-од-23, шут за три поени 2-од-10) во тој пораз. Додека ги изнесувал своите аргументи преку текстуална порака, Мелоун го потсетил Јокиќ дека играл 39, 38, 44 и 41 минута во претходните четири натпревари на Денвер – напиша ЕСПН.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Почина легендарен НБА-кошаркар: Воодушеви како играч, но ќе се памети и како бизнисмен

Познатиот кошаркар Џуниор Бриџмен почина на 71-годишна возраст. Бриџмен одигра 12 сезони в…