Никола Јокиќ ги постигна првите кошеви дури на крајот од втората четвртина од натпреварот во кој на неговиот Денвер Нагетс му беа потребни продолженија за победа против Њу Орлеанс.
До крајот на мечот Јокиќ речиси ги достигна своите просеци, го забележа десеттиот трипл-дабл сезонава, а Денвер победи со 132:129.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Првите два коша на Јокиќ дојдоа од линијата за слободни фрлања на помалку од три минути до крајот на првото полувреме. Намали на 47:59, а во следната акција го постигна првиот кош од поле.
Натпреварот против најслабиот тим во Западната конференција на НБА заврши со 27 поени, 13 скока и 10 асистенции.