Ромелу Лукаку е главна трансфер цел на милански Интер и Белгиецот веќе има договор со „нероаѕурите“.
Меѓутоа, до овој момент ниту една понуда од „нероаѕурите“ не ги задоволи апетитите на Манчестер Јунајтед, па поради тоа Лукаку ќе замине на подготвителна турнеја со „црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед за Белгиецот бара околу 70 милиони фунти, а Интер сака да ја намалу таа сума така што ќе вклучи некои играчи во договорот.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Интер ги понудил Мауро Икарди и Раџа Наинголан за потписот на Лукаку, но наводно клубот од „Олд Трафорд“ ја одбил понудата.
Пасивноста на Интер го натера агентот јавно да го повика италијанскиот клуб да започне сериозни преговори, но до овој момент Интер не е спремен да испрати подобрена понуда.