Манчестер Јунајтед испратил понуда за напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, објави добро информираниот новинар Џанлука Ди Марцио.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволи“ бараат да го засилат нападот пред да се затвори летниот преоден рок и се смета дека 32-годишниот Габонец е одлична опција.
Тој во последните денови беше блиску до трансфер во Челзи, но клубовите не можат да се договорат за обештетувањето.
Тоа сака да ја го искористи Манчестер Јунајтед, кој е спремен да плати 20 милиони евра, колку што бара Барселона.