Дома Фудбал Англија Јунајтед, Арсенал и Челзи се „тепаат“ за трансфер гуру!

Јунајтед, Арсенал и Челзи се „тепаат“ за трансфер гуру!

Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи ова лето ќе се обидат да го донесат во своите редови откривачот на таленти, Пол Мичел, кој моментално ја извршува функцијата спортски директор во Лајпциг.

Ед Вудворд важи за еден од најдобрите маркетинг менаџери во фудбалскиот свет, но никако не може да се снајде во фукцијата на спортски директор.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Затоа, според британските медиуми семејството Глејзер размислува да го ослободи Вудворд од функцијата спортски директор и да назначи некого, кој е специјализиран за таа работа, а најголема желба е токму Пол Мичел.

Мичел е поранешен трансфер гуру на Саутемптон и Тотенхем, кој моментално работи во Лајпциг и важи за еден од најдобрите во Европа.

Манчестер Јунајтед сака да го донесе на „Олд Трафорд“, но ќе има силна конкуренција во Челзи и Арсенал.

Челзи и Арсенал исто така во моментов се во потрага по спортски директор и го сакаат Мичел бидејќи одлично ја познава Премиер лигата, притоа е одличен пронаоѓач на таленти.

38-годишниот Мичел откри големи таленти како Садио Мане, Душан Тадиќ во Саутемптон, а во Тотенхем по негова заслуга пристугнаа Деле Али, Трипие, Алдервајлед…

Според „Скај Спорт“ Мичел треба да донесе одлука во кој од овие три англиски гиганти ќе ја продолжи кариерата од јуни, или пак ќе остане во Лајпциг и ќе потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти:Утрешниот дуел за мене е посебен, но не ми се зборува за фудбал

Реал Мадрид утревечер ќе го пречека Милан на „Сантијаго Бернабеу“ во четвртото коло на Лиг…