Иако тренерот на италијанскиот шампион, Масимилијано Алегри, исткана дека на неговиот тим не му е потребна замена за Леонардо Бонучи, германски „Билд“ пренесува нешто друго.
Како што споменавме, Алегри во јавноста зборуваше дека замена за Бонучи не е неопходна и дека Јувентус би купувал само доколку се укаже добра прилика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секогаш добро упатениот, „Билд“ пренесува декаа таа прилика би можела да биде одличниот дефанзивец на Баерн Минхен, Матс Хумелс.
Но, прашање е дали италијанскиот гигант ќе биде спремен да издвои 50 милиони евра колку што Баерн бара за искусниот дефанзивец. Овој избор на Алегри можеби и не е толку изненадувачки, со оглед на тоа дека Бонучи и Хумелс се сличен профил на играчи.