Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по ѕвездата на Лион

Јувентус тргнува по ѕвездата на Лион

Италијанскиот шампион Јувентус е силно заинтересиран за играчот за врска на Лион, Танги Ндомбеле, пренесуваат италијанските медиуми.

21-годишниот Ндомбеле веќе го доби епитетот на „новиот Канте“, а скаутите на Јувентус подолго време ги следат неговите настапи.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Ндомбеле оваа сезона игра фантастично во дресот на Лион, веќе запиша 4 настапи за француската репрезентација и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Поради тоа Јувентус ќе треба да се избори со жестоката конкуренција, бидејќи за потписот на играчотс силен интерес покажуваат уште Барселона, Тотенхем и Манчестер Сити.

Неговата цена во моментов изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра, сума која сите споменати клубови се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал тргнува по Жил Кунде

Англискиот гигант Арсенал е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски р…