Јувентус стапил во контакт со Тотенхем за евентуален трансфер на левиот бек Серхио Регилон, пренесуваат италијанските медиуми.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Бјанконерите“ се силно заинтересирани за 25-годишниот Шпанец, бидејќи Алегри не е задоволен од игрити на Алекс Сандро.




Од друга страна Регилон сигурно ќе го напушти Тотенхем ова лето бидејќи Конте повеќе не смета на него и му порача да си бара нов клуб.




Интерес за Регилон покажуваат уште Лацио и Нотингем Форест, но Јувентус сака да ја победи конкуренцијата.




„Бјанконерите“ се спремни да понудат едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.