19-годишниот напаѓач Моис Кин оваа сезона буквално „експлодира“ во дресот на Јувентус, па дури и заработи повик за италијанската репрезентација.
Кин се етаблираше во еден од најголемите европски таленти, па многу европски гиганти сакаа да го „украдат“ од Јувентус, особено поради фактот што неговиот договор со „старата дама“ истекува следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Јувентус ништо не остава на случајноста и веќе постигна договор за продолжување на соработката. „Бјанконерите“ на младиот напаѓач му понудија договор до 2024 година со годишна плата од 2 милиони евра по сезона.
Тоа е дури четири пати повеќе од сегашната плата на Кин, па последните информации се дека ја прифатил понудата и наскоро и официјално ќе стави потпис на нов договор.
Moise Kean's future is Bianconero. Juventus are close to tying him up to a 5-year contract till 2024 which will see him earn €2m/year ??? https://t.co/oZ9qnEVVMs
— Romeo Agresti (@romeoagresti) May 25, 2019
https://youtu.be/z28nyVYTaX0