Арон Рамзи пристигна во Јувентус како големо засилување, но не ги оправда во целост очекувањата во Торино.
Рамзи е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Јувентус сака да се ослободи од неговата висока плата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Калчомеркато“ пренесува дека Велшанецот е на излезни врати и веќе во месец јануари може да си замине од Јувентус.
„Старата дама“ очекува понуди бидејќи за Рамзи интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.
Притоа, Јувентус е спремен и да го раскине договорот со фудбалерот, кој истекува во јуни 2023 година.