Дома Топ вести Јувентус се спрема за 8-мо „Скудето“: Еве како ќе изгледа следната сезона!

Јувентус се спрема за 8-мо „Скудето“: Еве како ќе изгледа следната сезона!

Јувентус уште еднаш ја потврди доминацијата во Италија и оваа сезона го освои 7-то последователно Скудето.

Иако многу се шпекулираше со иднината на тренерот Алегри, веќе нема дилеми, ќе остане во Торино и ќе потпише нов договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во следните денови раководството и Алегри ќе имаат состанок за да направат план за преодниот рок, но медиумите веќе ги открија имињата.

Јасно е дека на „старата дама“ ќе и бидат потребни бекови бидејќи Асамоа и Лихштајнер заминуваат, а Алекс Сандро ќе биде продаден.

Од Аталанта се враќа левиот бек Спинацола, ќе пристигне Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед, меѓутоа Јувентус ќе купи уште еден бек, а се лецитира со имињата на Лукас Дињ од Барселона и Бернард од Баерн Минхен.

Во средниот веќе пристигна Емре Чан, а раководството сака да донесе и наследник на Маркизио. Најголемата желба е Бонавентура од Милан, а како алтернатива се споменува Рабио од ПСЖ.

Нападот е доволно силен и нема да претпи големи промени, а единствен кој ќе замине ќе биде Марио Манџукиќ.

Како замена на Хрватот раководсвото сака да го донесе Алваро Мората од Челзи или Марсијал од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…