Јувентус вчера го официјализираше трансферот на Федерико Бернардески кој доаѓа од Фиорентина за 40 милиони евра, но преодниот рок на „старата дама“ сеуште не е завршен.
Покрај засилување во средниот ред, раководството е во потрага и по еден дефанзивец кој ќе може да биде замена за Леонардо Бонучи.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Последно име во низата кое го лансираа медиумите е Елиаким Мангала од Манчестер Сити.
Мангала минатата сезона ја помина на позајмица во Валенсија, а јасно е дека за него повеќе нема место на „Етихад“, па Јувентус не би требало да има проблем да го донесе во Торино.
Покрај Мангала „бјанконерите“ се силно заинтересирани и за Емре Чан од Луверпул за кого веќе испратил првична понуда и започнал преговори англискиот клуб.