Јувентус сериозно се вклучи во трката за мароканскиот репрезентативец Хаким Зијех, пренесуваат италијанските медиуми.
Зијех не добива голема минутажа во Челзи, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Мароканецот беше голема желба на Милан во летниот преоден рок, но трансферот не се реализираше, а сега може да го облече дресот на Јувентус.
„Бјанконерите“ веруваат дека ќе биде идеална замена за Ди Марија, кој на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.
Јувентус сака уште во јануари да го доведе Зијех во Торино и веќе стапил во контакт со неговиот агент.