Францускиот репрезентативец Пол Погба и во овој преоден рок ќе биде една од главните теми.
Во последно време Јувентус се споменува како главен фаворит. Сега италијанските имаат новости на оваа тема.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Јувентус не е спремен да ги исполни финансиските барања на Јунајтед, но е спремен да вклучи двајца фудбалери. Станува збор за Дибала и Бернардески.
Засега не се знае како Манчестер Јунајтед ќе реагира на ваква понуда и дали ќе бидат заинтересирани да влезат во преговори.
Ќе потсетиме, агентот на Погба Мино Раиола неодамна изјави дека авантурата на Погба во Манчестер Јунајтед е завршена и дека неговото заминување е прашање на време.
Погба дресот на Јувентус го носеше од 2012 до 2016 година кога премина во Јунајтед за сума од околу 100 милиони евра.