Торински Јувентус на Кристијано Роналдо ќе му понуди нов договор со кој во клубот би останал до 39. година од животот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесува магазинот АС, Старата дама е спремна да го задржи Роналдо уште две сезони, односно до 2024. година и веќе му нуди нов договор.
Актуелниот договор на Роналдо со Јувентус важи до јуни 2022. година, иако е убедливо најплатениот играч со плата од 31 милион евра, Роналдо маркетиншки е доста привлечен и му носи на Јуве огромна заработка.
Поради тоа, Бјанконерите ќе му понудат нов договор, но не е познато какви услови ќе му понудат, дали ќе бидат поскромни од актуелните или заротката ќе биде поголема, што секако е реална опција.
Сепак, она што е важно во овој случај е дека Роналдо на терените ќе го гледаме и во 39. година од својот живот, што навистина е импресивно.