Дома Фудбал Италија Јувентус не дозволи изненадување, Рома убедлива против Фиорентина (Видео)

Јувентус не дозволи изненадување, Рома убедлива против Фиорентина (Видео)

Во рамки на 12. коло во Серија А се одиграа 4 натпревари во терминот од 15 часот.

Киево и Наполи одиграа без погодоци, додека 6 постигнати погодоци имаше на мечот помеѓу Фирентина и Рома.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Герсон за гостите го постигна водечкиот погодок во раната 5. минута, но одговорот пристигна и побрзо од очекуваното, по само 4 минути Веретут беше прецизен за изедначување на домашниот состав.

Во првиот дел постигнати беа уште два погодоци. Најпрво Герсон повторно ја затресе мрежата на домашните во 30. минута, а Симеоне беше прецизен во 39. минута за 2:2 на полувремето.

Вториот дел пак, беше во знакот на Рома, Манолас им донесе по трет пат водство на гостите во 50. минута, а конечниот резултат го постави Пероти во 87. минута.4

Иако се чинеше дека можно е изненадување, актуелниот италијански шампион Јувентус се врати во мечот против Беневенто откако гостите имаа 1:0 предност на полувремето.

Преку пресврт Јувентус запиша нови три бода во Серија А. Во второто полувреме најпрво прецизен беше Игуаин во 57. минута, а конечните 2:1 ги постави Куадрадо во 66. минута.

За потсетување, дуелот помеѓу Лацио и Удинезе кој требаше да се игра исто во терминот од 15 часот е одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…