Дома Трансфер зона Јувентус на шопинг во Мадрид!

Јувентус на шопинг во Мадрид!

Јувентус оваа сезона може да ја заврши со три трофеи, но веќе прави планови за следната сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на „старата дама“ сака да донесе еден крилен напаѓач за следната сезона, а на списокот се наоѓаат Даглас Коста од Баерн и Хамес Родригез од Реал Мадрид.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Со оглед на фактот што овие двајца фудбалери најверојатно ќе завршат во Премиер лигата, како алтернатива „бјанконерите“ го сакаат играчот на Атлетико Мадрид, Нико Гаитан.

Аргентинецот минатото лето пристигна на „Калдерон“ за 25 милиони евра од Бенфика, но не пружа доволни добри партии меѓу „јорганџиите“. Симеоне не му дава долволна минутажа, па затоа и самиот фудбалер е спремен да ја промени средината.

„Старата дама“ сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Торино за 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Александер Арнолд наскоро потпишува за Реал

Реал Мадрид веќе работи на трансферот на десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, …