Италијанските медиуми шпекулираат дека Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус во летниот преоден рок, а веќе се најавува и кој би можел да биде негов наследник.
„Калчомеркато“ пренесува дека една од опциите е Бразилецот, Ричарлисон кој како што стојат работите ќе го напушти Тотенхем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ричарлисон има разочарувачка сезона во Тотенхем, иако се очекуваше да биде големо засилување, па сака да го напушти клубот.
Тотенхем исто така е спремен да слушне понуди, а најсилен интерес за него покажува Јувентус.
„Старата дама“ сака да го продаде Влаховиќ за 60 милиони евра, а за Бразилецот е спремна да понуди 50 милиони плус бонуси.