Дома Трансфер зона Ричарлисон е прв избор за замена на Бензема

Ричарлисон е прв избор за замена на Бензема

Реал Мадрид покажува интерес за Бразилецот Ричарлисон  од Тотенхем, пишуваат шпанските медиуми.

Приоритет на Реал Мадрид на лето ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде долгорочна замена за Карим Бензема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бензема реши да се пресели во Саудиска Арабија, па Реал ова лето ќе донесе најмалку еден врвен напаѓач.

Карло Анчелоти знае какви квалитети има Ричарлисон бидејќи една година му беше тренер во Евертон.

Во Реал веруваат дека Ричарлисон може да биде наследник на Бензема и да формира одлично бразилско трио со Винисиус и Родриго.

Ричарлисон пак имаше слаба сезона во Тотенхем и сака да ја промени средината на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната следната дестинација на Марко Ројс?

Марко Ројс на крајот од сезоната ја напушта Борусија Дортмунд, а кариерата би можел да ја …