Вчера беше прифатена третата жалба од Наполи и натпреварот на овој тим со Јувентус ќе биде одигран иако претходно тој беше регистриран со 3:0 за „старата дама“.
На почетокот на сезоната требаше да гледаме дерби на овие екипи во Торино, но натпреварот не се одигра поради проблемите со коронавирусот и гостите не допатуваа на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш е одлучено натпреварот да се регистрира со службени 3:0 за Јувентус. Таквата одлука ги налути Наполитанците. Управата на клубот веднаш поднесоа жалба која од третиот обид им беше усвоена.
Имено,вчера се донесе одлуката мечот да се игра и сега треба да се избере датум. Како можен датум беше објавен 13. јануари, но изгледа нема да има ништо од тоа.
Денес „Газета дело Спорт“ објави дека поради згуснатиот распоред на натпревари дуелот нема да се одигра тогаш и ќе се бара нов термин веројатно на самиот крај од сезоната.
Како и да е одлуката треба да биде донесоно побрзо, 13. јануари веројатно отпаѓа.