Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е пред комплетирање на трансферот на играчот на Палермо и шведски репрезентативец, Робин Квајсон.
„Старата дама“ ќе плати 2,8 милиони евра, а идејата е 23-годишниот играч за врска до крајот на сезоната да остане во Палермо.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Договорот на Квајсон со Паермо истекува на крајот на сезоната, па јасно е дека „бјанконерите“ со овој потег сакаат да го „капарат“ фудбалерот за од следната сезона да се пресели во Торино.
Станува збор за централен играч за врска, односно креативен плејмејкер кој оваа сезона веќе запиша 16 настапи во Серија А.
Веќе девитираше за сениорската шведска репрезентација, каде запиша 5 настапи на кои постигна 2 гола.