Дома Трансфер зона Јувентус и Барса во битка за дефанзивец на Милан!

Јувентус и Барса во битка за дефанзивец на Милан!

Како што пренесуваат италијанските медиуми Јувентус и Барселона покажуваат силен интерес за играчот на Милан и италијански репрезентативец, Матиа де Шиљо.

Договорот на Де Шиљо со Милан му истекува во јуни 2018 година и сеуште не се започнати преговори за продолжување на истиот, бидејќи сеуште не е комплетирана продажбата на клубот и не е дојдено новото раководство.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Таквата ситуација сакаат да ја искористат Јувентус и Барселона кои наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Де Шиљо оваа сезона игра во одлична форма, а преднос е тоа што може да игра подеднакво добро како на левата, така и на десната бековска позиција.

Сепак, тешко е да се поверува дека Милан ќе се согласи на негова продажба и готово сигурно ќе му понуди нов договор со оглед на фактот што „росонерите“ минатото лето обија понуди од 25 милиони евра за Де Шиљо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо му поставил услов на Перез, доаѓа во „пакет“ со ѕвезда од 100 милиони

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…