Дома Топ вести Јувентус го продава Де Лихт, Алегри не се согласува

Јувентус го продава Де Лихт, Алегри не се согласува

Раководството на Јувентус е спремно да се раздели со дефанзивецот Матијас де Лихт на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Менаџерот неодамна и јавно потврди дека дефанзивецот размислува да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На „старата дама“ воопшто не и се допаѓа таквата ситуација и донесе одлука да го продаде дефанзивецот на крајот на сезоната.

Со оглед на фактот дека неговиот договор истекува во 2024 година, Јувентус за неговата слобода ќе бара помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Со ваквата одлука не се согласува тренерот Макс Алегри, кој сака Де Лихт да биде идниот капитен на тимот.

Сепак, од Јувентус веруваат дека ова лето е идеално време за негова продажба и дека ќе можат да добијат најдобри понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Го постигна еден од најлудите голови во Серија А, а сега објави пензија 🎥

Французинот Жереми Менез објави дека заминува во пензија на 37-годишна возраст. Сезонава М…